Претседателот
на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски ги претстави
кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од страна на Централниот
одбор на СДСМ на синоќешната
седница.
За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив
развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на
СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките
ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, а за вицепремиер за европски
прашања е предложен Бојан Маричиќ.
За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска,
пратеничка во СДСМ, порнаешен заменик министер за внатрешни работи во
техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Спасовски,
за министер за правда проф. д-р Никокла Тупанчевски од Правниот факултет во
Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано
раководеше со овој ресор.
За министер
за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот
инспекторат за труд. Министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна
пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при
Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен
актуелниот Благој Бочварски.
Од сите
нив, како што рече Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес
на граѓаните и остварување на ветеното.
Тој најави
дека составот на Владата и владината програма денеска
напладне
ќе ги достави во Собранието до претседателот Талат Џафери.
– Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето,
посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот
стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека
со многу работа и труд можеме да ги реализираме, изјави синоќа Ковачевски.