Македонија

Што е молитвата? Молитвата е вознесение на умот и срцето кон Бога

Молитвата е вознесение на умот и срцето кон Бога, Негово созерцание, одважна беседа на тварта со Творецот, побожно стоење на душата пред Него, заборавање на сето она што нѐ опкружува, храна духовна, воздух, светлина и нејзина животворна топлина, очистување на гревовите – благ јарем и лесно бреме Христово.

Молитвата е непрекинато чувствување на сопствената немоќ и душевна ништожност, осветување на душата, предвкус на идните блаженства, блаженство ангелско, небесен дожд кој ја освежува, наводнува и оплодува земјата, очистување и освежување на воздухот во мислата, озареност на лицето, радост на духот, златна нишка која го поврзува созданието со својот Творец, ведрина и срдечност низ сите патила и животни искушенија, светилка на животот, успех во делувањето, достоинство рамноангелско, утврдување во верата, надежта и љубовта. Молитвата е врска со ангелите и светиите.

Молитвата е исправање на животот, мајка на солзите и скрушеност на срцето; поттикнувач на милосрдието; животна сигурност; уништување на стравот од смртта; занемарување на земните скапоцености и желба за небесни богатства; очекување на Оној Кој ќе му суди на сиот свет; сеопшто воскресение и живот во идниот век; настојување за избавување од вечните маки, непрестајно барање за милост од Владиката; жива вода за душата. Молитвата значи отворање на срцето за сите луѓе, со помош на сопствената љубов, симнување на небото во душата, сместување на Пресветата Троица во срцето, бидејќи е речено: „…и ќе дојдеме при него, и живеалиште во него ќе направиме“ (Јн. 14, 23).Свети Јован Кронштатски

Тивериопол.мк

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago