Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија, Општина Радовиш
Согласно позитивното мислење добиено од Министерството за образование и наука за отпочнување со работа и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, денеска беше пуштено во употреба Подрачното училиште во село Калаузлија кое е во состав на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш.
Во оваа нова современа училишна зграда наставата ќе ја следат вкупно 36 ученици распоредени во 2 комбинирани паралелки согласно сите нови стандарди.
Новата
зграда е изградена со средства од Турската
агенција за соработка и координација „ТИКА“ а со
поддршка од страна на општина Радовиш.
Градоначалникот
на општина Радовиш Ацо Ристов на чинот на предавањето во употреба нагласи дека за реализација на сите овие проекти општината
соработувала и ќе продолжи да соработува со Министерството за образование, како
и со многу потенцијални инвеститори и донатори во сферата на образованието.
Воедно Градоначалникот нагласи дека согласно
плановите и програмите за работа, 2022-ра година ќе биде година на изработка на
нови проекти и техничка документација за целосно решавање на просторните и
инфраструктурните приоритети на сите општински училишта во општина Радовиш.
По повод пуштањето во употреба учениците од ова училиште се претставија со пригодна програма на македонски и турски јазик.