Радовиш

Поети од Македонија и од светот, учесници на 48 „Караманови средби“ во Радовиш

Три дена посветени на поезијата во Радовиш 16, 17 и 18 декември. Со книжевна креативна работилница со хрватските поети Маријан Гракалиќ и Дарија Жилиќ, како и со младите поети застапени во книгата „Уметноста е ново време“, утре со почеток во 11 часот, почнува 48 издание на интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш.

Во 12:30 часот во центарот за култура „Ацо Караманов„ ќе биде извршена промоција на книгата „Уметноста е ново време“, доделување на награди и читање на најуспешните творби пристигнати на конкурсот.

  Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за во петок, во 17:30 часот на кое свое обраќање ќе има градоначалникот Ацо Ристов и директорката на центарот за култура Изабела Ангелова.

Беседа за Ацо Караманов ќе одржи поетот Христо Петрески, кој е добитник на наградата „Караманов 2021“ за најдобра книга од македонски автори. Поетите учесници ќе читаат свои песни во рамки на „Поетските меридијани“, а главен настан е доделувањето на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино.  Годинашните „Караманови средби“ завршуваат на 18-ти  во сабота со промоција на Зборникот на 48 „Караманови средби“ – Борче Панов и Проф, д-р Мишел Павловски во ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago