Конче

Општина Kонче успешно се справи со првиот снег, сите патишта се проодни

Општина Конче успешно се справи со првиот снег годинава. Како што дознаваме од градоначалникот Златко Ристов, механизацијата на ЈПКД „Лакавица“ излезе на терен уште од раните утрински часови.  

„Регионалниот пат од Радовиш до Конче го исчистивме од снегот со сопствена механизација, како и сите локални патишта во општината. Екипите на ЈП Лакавица започнаа со расчистување на патиштата од околу  3:00 часот по полноќ. Од утринава се проодни сите патишта, за да можат учениците навреме да стигнат на училиште, како и вработените во општината“, рече градоначалникот Ристов, кој лично бил на терен да изврши увид во состојбата на патиштата.

Инаку Конче се наоѓа на надморска височина од 580 метри во подножјето на планината Серта и во текот на зимскиот период честопати се соочува со проблеми од снегот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago