По две години пауза, Средношколската унија при СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш повторно активна
По две години
пауза поради пандемијата со Корона вирусот, Средношколската унија при СОУ „Коста
Сусинов“ во Радовиш повторно е активна. Како
што кажа претседателот на Средношколската унија Матеј Филипов, во овој период тие
реализираат неколку активности.
Десетина
средношколци имаа можност еден ден да бидат дел
од тимот на Боров Дол и да ја искусат работната динамика во рудникот, со тоа
што ги извршуваа работните задачи и должности на геолог, инженер еколог,
раководител на служба за финансии и сметководство, главен
машински инженер, и
други професии.
Средношколците од СОУ “Коста Сусинов” во
Радовиш, имаа можност и да ги разгледаат потенцијалните области за
вработување и насоки за понатамошно образование. Еднодневниот
работен ангажман на средношколците им овозможи одблиску да се
запознаат со работна позиција која би сакале да ја работат во иднина,
да научат нешто повеќе за одбраната струка, да стекнат искуство на
работно место во реални услови. За оваа учебна година Средношколската унија има планирано и други активнсти.
Во Средношколската
унија активно членуваат и ученици кои се волонтери во Клубот на млади при ОО на Црвен крст од
Радовиш, како што е Илина Сандева која е и веде лидер на Клубот на млади. Во
заедничка соработка реализираат бројни активности.