Министерството за животна средина и просторно планирање ја
потсетува јавноста дека од денеска 1 декември, стапува на сила обврската
за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување
и отпад од пакување.
Со овој закон се забранува пуштање на
пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна
употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во
Република Македонија.
Со законот е предвидено со плаќање на надоместок
од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи
кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за
биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки (
чијшто дебелина е пониска од 15 микрони).
Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за
парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со
вклучен ДДВ).
Целта
на овој Закон е како
што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги
одвратат корисниците од употреба
на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз
принципот „ загадувачот плаќа“.
Производителите
на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на
пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот
Закон, а пропишани во 2013г
велат од Министерството.