Радовиш

Невладината организација Treebanks од денеска започнува со акција за пошумување во Радовиш

Невладината организација Treebanks од денеска започнува со акција за пошумување во Радовиш во координација со Македонски шуми и Општина Радовиш. Пошумувањето ќе се врши на претходно избразеден терен, од вработени во Македонски шуми. Акцијата во Сабота и недела ќе започува од 10 часот и ќе трае до 16 часот а ќе се одвива на локација над ул. Калаузлиска (патот Радовиш – Плачковица). Ќе бидат засадени 6.000 дрвца со што ќе се допринесе за заштита на животната средина и почист воздух. Treebanks е Невладина организација формиран од двајцата браќа од Радовиш Михаил и Невен Стевчеви поддржани и од нивниот татко агроном, а со заедничка цел да направат нешто корисно за идните поколенија, како граѓани на оваа држава. Тие веќе реализирале неколку акции во државата и посадиле 6.000 дрвца а со акцијата викендов ќе бидат засадени уште 6.000. дрвца.

Сите учесници во акцијата е пожелно да имаат работнички ракавици и топла облека. На пунктот на Црвен Крст од Радовиш ќе има обични хируршки ракавици, ќе има и благи закуски и топол чај.

Од Treebanks  порачуваат до волонтерите доколку се во можност да си понесат сопствен алат мотика.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago