Радовиш

АК Плоча го организира 6-то ноемврискиот алпинистички собир, кој од годинава ќе го носи името Зоран Мајсторски

АК Плоча од Радовиш и годинава го организира традиционалниот  6-то ноемвриски алпинистички собир во чест на ослободувањето на Радовиш, а од оваа година и во чест на Зоран Мајсторски кој трагично го загуби животот на својата последна работна задача во Рудникот Бучим заедно со алпинистот Драган Станишков.

Собирот кој се одржува по 14 пат на локалитетот Плоча кај  Пилав Тепе во Радовиш, од оваа година ќе го носи името Зоран Мајсторски и традиционално ќе се одржува секоја година.

Присутните алпинисти со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите алпинисти, а дел од нив со длабоки  емоции зборуваа за Зоран и неговите заложби и  достигнувања во алпинизмот и воопшто како човек, пријател и другар.   

Собирот беше од слободен карактер, се качуваа насоки по сопствен избор и способност. Учество земаа околу 20  качувачи од повеќе градови во Македонија меѓу кои и двајцата синови на Зоран Мајсторски, кои тој самиот ги воведе во алпинизмот. Зоран беше иницијатор и организатор на овој собир кој од година во година беше се по посетуван и добиваше меѓународен карактер.

DCIM\101MEDIA\DJI_0345.JPG

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago