Струмица

Преку програмата Форуми во заедницата и Буџетските форуми, граѓаните учествуваат во креирањето на буџетот на општина Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов и граѓаните на Струмица го започнаа заедничкото планирање на буџетот за следната година.

Во големата сала на домот на АРМ, викендот се одржа првата сесија на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2021/2022 година.

На сесијата, граѓаните беа запознати со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на Општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година.

Целта на Форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.

Струмица е прва општина којашто ги вклучи граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики и практики и единствена во државaта која овој процес го уредува со посебен правен акт, составен дел на Статутот на Општината и истиот самостојно го организра и буџетира како процес кој се темели на применливи европски вредности и стандарди.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago