Пратеникот Кастриот Реџепи на прес- конференција излезе со објаснување дека во интерес на државата и на сопствениот народ самоволно се одлучил да се засолни на денот на гласањето недоверба на Владата.
„Јас сум мирен со чиста совест затоа што нема поисправен пат од тоа својата земја да ја носиш кон Европската унија“, рече Реџепи.
Тој вели дека чекорот не бил лесен, особено поради разликите кои ги имал со неговите сопартијци од БЕСА кои го исклучија од партијата, ден откако тој не се појави на гласањето за недоверба на Владата.
Тој рече дека Македонија има неповтролива шанса да ја започне својата Европска иднина и токму затоа разумот кај него преволадал и донел таква одлука.
„Сметам дека за земјата сега е најважно решавање на кризата со Конид-19 и почеток на преговори, не нови избори туку стабилност на Владата“, рече Реџепи.
Одговарајќи на новинарски прашања Реџепи рече дека неможе да гласа против своите убедувања и покрај потпишувањето на ионицијативата за гласање недоверба на Владата. Тој потпишал во моментот кога Зоран Заев поднел оставка и кога Владата останала без премиер.
„Но подоцна дибив јасни сигнали од Меѓународните фактори за добивање датум за преговири. Зошто неможеме да се стрпиме до 14 декември и потоа ќе видиме што понатаму“, рече Реџепи.
Кастриот Реџепи веќе е исклучен од Движењето Беса, партијата во која беше пратеник. Тој беше 61-от пратеник на кој рачунаше опозицијата за рушење на Владата на Заев и формирање нова Влада на чело со ВМРО -ДПМНЕ.