Македонија

Базната станица во Берн работи со полн капацитет, нови биометриски патни исправи по скратена постапка

Со полн капацитет работи  базната станица, воспоставена во амбасадата на  Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација, преку која над 400 македонски државјани се стекнуваат со нови биометриски патни исправи, информира МНР.

Додека е во тек обработката на новите барања за патни исправи, амбасадорот, Кенан Рамадани и припадници на дијаспората тврдат дека со скратената постапка од шест на еден месец, се реши најголемиот предизвик со кој се соочиле како нашите државјани во Швајцарија така и вработените на амбасадата.

“Овој проект успешно се спроведува! Во текот на последниот месец, од почетокот на имплементацијата на овој проект, преку нашата амбасада, со биометриски патни исправи се стекнаа над 400 наши сограѓани”, истакна амбасадорот Рамадани. 

„Базната станица воспоставена во Берн е една од деветте опреми што се распределени во наши Дипломатски и конзуларни претставништва во светот, каде што има повеќе барања за издавање на нови патни исправи. Со цел подобрување на услугите за дијаспората, Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, покрај базните, стави во функција дополнителни четири мобилни станици“, информира МНР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago