Радовиш

Уште една донација од австриската Хуманитарна организација „Хикуде“ за Здравствениот дом во Радовиш

Електрични кревети, електрични инвалидски колички и друг медицински материјал, донација од австриската Хуманитарна организација  „Хикуде“, предводено од Марта Реитер за Здравствениот дом во Радовиш. Шлепер со медицинска опрема на транспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, беше доставена во радовишкиот Здравствен Дом.

Директорот на ЈЗУ „Здравствен дом “ Радовиш, д-р Лимонка Илиевска се заблагодари на донацијата на здружението „Хикуде“ од Австрија, но и на радовишката компанија „Зиго-Шпед“, која ја транспортира опремата од Австрија до Радовиш, потенцирајќи дека ова донација е добредојдена и ќе биде распоредена за потребите на Здравствениот дом.

Благодарност од хуманитарна органзиација изрази и раководителот на Фондот за здравство од Радовиш, Тони Митев. Тој најави дека во следната донација ќе биде донесена и медицински материјал за потребите на дијабетичарите.

Сопственикот на Зиго Шпед кој редовно го врши транспортот во оваа хуманитарна мисија изразува благодарност до хуманитанрата организација „Хикуде“.

Станува збор за хуманитарна организација која повеќе од една деценија помага на здравствените установи во земјите од Источна Европа. Во Македонија досега има донирано во болниците во Радовиш, Виница, Штип, и во Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago