Гласањето за вториот круг од локалните избори денеска започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Во
вториот круг се гласа во вкупно 44 општини во државата односно во 5 општини
во Југоисточниот регион. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на
2.481 избирачко место.
Во Општина
Радовиш право глас имаат 24.540 гласачи и до 9 часот има 5,12% излезеност или
гласале 869 гласачи. Во Општина Конче има регистрирано 2.769 вкупно изборачи и до 9 часот гласале
230. Во Гевгелија од вкупно регистрираните 19.076 гласачи до 9 часот излегле на
гласање 1.370. Во Општина Ново Село во избирачкиот списток има запишано 11.309
до 9 часот гласале 104 и во Општина
Василево од вкупно запишаните гласачи 10.688 до 9 часот излегле на гласање 954.
Во првиот круг беа избрани 32 градоначалници во
државата од кои 5 во Југоисточниот регион, како и членовите во
општинските совети. Општините Струмица, Босилово,
Дојран, Валандово и Богданци, добија градоначалници во првиот круг.
Во 19 часот треба да следи затворање на гласачките места.
Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги
доставува до Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот
Скопје, во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Изборниот материјал до
ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на
ИО или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата,
ако за тоа има потреба.
Гласањето започна вчера кога се
изјаснуваа болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација.
Првпат на локалните избори се применуваат терминали за биометриска
идентификација на гласачите, а се применуваат и општите мерки за заштита од
Ковид-19.