Радовиш

Чаракчиев: Да се обединиме за да продолжиме напред, во недела да излеземе и да гласаме

 Кандидатот за градоначалник на Општина Радовиш Коле Чаракчиев, од СДСМ и коалицијата, ги повикува граѓаните во недела да излезат и да гласаат:

-Да се обединиме за да продолжиме напред, Во недела на 31 октомври да излеземе и да гласаме, вели Чаракчиев.

„За да живееме во слобода и демократија, со власт која слуша и се корегира а не со власт пред која народот молчи.

За да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош, за парите да одат кај граѓаните а не во спомениците.

Заради членството во НАТО кое заедно го остваривме и за да продолжиме по европскиот пат за кој сме цврсто определени, наместо за нова неизвесност, кавги и поделби.

За општини каде се градат патишта, сообраќајници, училишта и гасоводи, а не за шпански скали, споменици, жални врби, галии и барокни фасади од стиропор.

Да се обединиме околу идејата и коалицијата која води напред, во иднина, кон НАТО, кон ЕУ, кон подобар живот и слободно утре. Ние знаеме како тоа да го овозможиме, ОБЕДИНЕТИ“, додава Чаракчиев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago