Независниот кандидат за градоначалник на Општина
Радовиш Горан Поцев изразува благодарност до сите граѓани кои му укажаа доверба на вчерашното гласање.
„Ви благодарам на сите за довербата што ми да дадовте и ме направивте горд радовишанец. Радовишанец кој покажа како се сака и се бори за својата општина. Гордо стојам зад сите мои кажани зборови и со крената глава ќе продолжам да чекорам по мојот град , за кој сакав многу нешта да се променат. Радовиш и радовишани се мојот единствен мотив за подобро место на живеење.
Уште еднаш ви благодарам на сите за укажаната доверба и неизмерна поддршка. Со мојот тим дадовме се’ од себе, напорно работевме и сакавме да покажеме нешто ново во општеството и политиката.
Изборниот резултат не значи пораз, ова е еден голем успех за сите кои веруваат дека партиската книшка не е единствениот механизам за успех.
Покажавме дека нема пред никого да молчиме кога станува збор за овај град и секогаш ќе ставаме стоп на партиските вработувања. Постигнавме нешто за кое допрва ќе станеме свесни.
Без партиска поддршка ретко кој би се осмелил да излезе на избори.
Ние тоа го направивме!
Неизмерна благодарност упатувам и до мојот тим кој стоеше цврсто до мене и ме направи горд.
Затоа: БЛАГОДАРАМ на сите, за се’ што направивте за мене.
Нашиот подвик продолжува и понатаму во друга форма, ова е почетокот на она за кое во иднина сите ќе тежнееме:
Општество на слободни граѓани без партиски товар на грб!“, стои во објавата на Горан Поцев.