Македонија

Државната изборна комисија ја започна кампањата „Ти си на ред! Излези, гласај!“

Државната изборна комисија ја започна кампањата „Ти си на ред! Излези, гласај!“, во рамките на претстојните Локални избори 2021. Главните пораки на овогодинешната кампања се насочени кон едукација на гласачите за нивните гласачки права.

„Овогодинешната кампања на Државната изборна комисија ќе вклучи и едукативен караван, кој ќе ги посети голем дел од градовите низ нашата држава. Караванот ќе започне од Тетово, па Охрид, Струга, Битола, Кавадарци, Струмица, Штип, Скопје, а ќе опфати и дел од другите општини. Караванот ќе се реализира во согласност со протоколите за заштита од КОВИД-19“ информираат од ДИК.

Во пресрет на караванот, на плоштадите во општините кои ќе бидат посетени, ќе бидат делени едукативни брошури и флаери на случајните минувачи за едукација за нивните гласачки права и точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место.

„Оваа година, за прв пат се воведува и новиот начин на идентификација на гласачите, со употреба на уредот за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ), кој има за цел да го унапреди процесот преку дигитализација и автоматизирање на дел од постапката за гласање. Уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе го чита отпечатокот од прстот на секој гласач и ќе бара совпаѓање со отпечаток на прст од електронскиот избирачки список со цел да потврди совпаѓање“, додаваат од ДИК.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago