Десети ден изборна
кампања партиите и коалициите на терен ја нудат програмата и ги убедуваат
граѓаните.
Централниот караван НајдобротоЗаМојатаОпштина денеска е во Пробиштип.
Претседателот
Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општина Свети Николе, а вечерва ќе
учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и
кандидатите за советници на Општина Пробиштип со почеток во 20:00 часот, каде
ќе има и свое обраќање.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе биде меѓу граѓаните во Валандово, генералниот секретар Љупчо Николовски вечерва ќе биде Лубница Општина Конче.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија денеска со митинзи во скопските општини Петровец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров.
Ќе биде извршена промоција на кандидатите за
градоначалници во овие општини,
како и на советничките листи.
За утре ВМРО -ДПМНЕ ќе ја промовира и програмата за
која ја бара подршката од граѓаните во
Општините во Југоистокот, во Дојран, Валандово Богданци и Гевгелија .
Во Дојран митингот ќе се одржи во Парк во Нов Дојран со почеток 19.30 часот. Во истото време претставување на кандидатот за градоначалник ќе се одржи и во Валандово во Парк Пеонија. Во 20,30 ВМРО – ДПМНЕ ќе биде во Богданци и во истото време ќе биде претставен и кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија на Плоштадот во Гевгелија.