Поцев: Проблемите на градот добро ги знам, а нудиме и решение
„Проблемите на градот добро ги знам, бидејќи како советник и како човек кој постојано е со народот и меѓу народот, овие четири години точно ги детектирав сите проблеми на градот“, вели назависниот кандидат за градоначалник на Општина Радовиш Горан Поцев.
„Еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Радовиш е немањето простор за паркирање. Проблем кој со децении се провлекува и никако да се стави ред на сообраќајниот хаос и дивеење“, вели Поцев.
Тој вели де во нивната програма нудат решение за овој проблем со кој се соочуваат сите. „Зонско паркирање во градот. Тое е нашето решение за хаосот во градот. Модерните технолошки- сообраќајни текови нудат решение за овој проблем. Ние знаеме како да го реализираме, потребно е само добра волја и слух за сите проблеми.
Ги слушаме граѓаните, ги следиме нивните интереси, затоа што Радовиш и радовишани го заслужуваат најдоброто“ вели Горан Поцев независен кандидат за градоначалник на Радовиш.
Како еден од приоритетните проекти во неговата програма е решавање на Деценискиот проблем со улиците ,,Калузлиска,, и ,,Видео Смилевски Бато,, во 2022год.
Горан Поцев заедно со членовите на советничката листа во рамките на својата предизборна кампања органзираат и средби со граѓани. Денеска Вторник (05.10.2021) ќе ги посетата турските населени места 18:00 часот – с.Сопурѓе19:00 часот – с.Парналија и 20:00 часот – с.Бучим. Утре Среда (06.10.2021) ќе бидат во 18:00 часот во – с.Сулдурци19:00 – с.Калуѓерица и 20:30 – во с.Ињево,