Радовиш

Силна економија дома, во нашата општина, најавува Коле Чаракчиев кандидат за градоначалник на Радовиш

Силна економија дома, во нашата општина, најавува Коле Чаракчиев, кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ и Колацијата.

„Локалната економија е двигател на животот, особено кога е насочена во ист правец како и државната, вели Чаракчиев, притоа потенцирајќи неколку мерки и активности од програмата .

„Инвестициите од централната власт стратешки ќе ги употребиме за нови работни места и за повисоки плати за секого, тука, во нашето место.

 Домаќинското располагање со средствата на  општините, парите да се трошат за граѓаните, очетно.

 Јавно приватни партнерства, инвеститорите ги носиме во секој град, партнерски инвестираме, отвораме нови работни места.

 Ги раздолживме општините, 50 милиони евра вложени – сега е полесно, економијата оди само нагоре, во плус

 Зелена економија, креираме енергетско економски капацитети, од отпадот правиме струја, ги користиме сонцето и ветерот за развој на локална зелена економија.

 Малите бизниси се нашите темели – воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси – преку состаноци, анкети, фокус групи, конференции и електронска комуникација постојано ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа – нашата локална економска приказна. Малите бизниси да се развиваат и да ги има во поголем број – тоа е нашата мисија“, вели Чаракчиев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago