Конзулов оствари средба со жителите на Јаргулица и Покрајчево
Кандидатот за градоначалник на Радовиш Герасим Конзулов, со своето движење „Одлучно за Радовиш“ синоќа беше во посета на населените места Покрајчево и Јаргулица. Тој оствари средби со граѓаните и притоа ги слушна нивните потреби и проблеми.
Викендот во Радовиш беше извршена промоција на кандидатот за градоначалник на Радовиш Герасим
Конзулов и на советничката листа предводена од Страхил Гавритов од коалицијата ЛДП и ДОМ.
На собирот беа присутни претседателката
на ДОМ Маја Моричанин и Господинот Горан Милевски. Градоначалникот Конзулов презентира дел од
своите 112 реализирани проекти како што рече во претходниот мандат, а потенцира
и дека има околу 20 готови проекти кои веднаш ќе се реализираат доколку ја
добие поддршката.
Носителот
на листата Страхил Гавритов, истакна
за што ќе се залагат и кои промени ќе ги направат во советот.
„Конечно да се врати советот на местото кое го заслужува,а тоа е
највисок орган на Општина Радовиш“ рече
Гавритов.
Горан Милевски истакнаа дека нивното
движење е поинакво, сите кандидати за
градоначалници во Општините не се нивни членови во партијата, решиле да поддржат луѓе кои се докажани,способни и
професионалци, избирале и се воделе
исклучително според гласот на народот.
Конзулов својата кампања ја продолжи со посета на
населените места, синоќа беше во Покрајчево и Јаргулица.