„Се наоѓаме пред можеби најважните локални избори во Општина Радовиш, Чекајќи ја локалната власт да се договри кој е посилен и кој со кого е, поминавме тешки 30 години од осамостојувањето на Република Македонија и повеќе немаме време да чекаме“ рече кандидатот за градоначалник на Радовиш од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Ацо Ристов на денешната прес- конференција.
„Граѓаните повеќе немат ниту трпение а ниту време да следат вакви политичари. Доста е ! Ние имаме поинаков пристап и поразлична понуда за сите вас. Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш. Точно и прецизно го знаме патот до неа. Време е да се обединиме за нашата заедничка иднина во Радовиш. Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит. Новите правила за развој на Радовиш ке бидат поставени од самите граѓани“, додава Ристов и притоа спомна и конкретни проекти кои ќе ја подобрат како што рече денешната, лоша слика за градот.
„Ви нудиме нов Културно-деловен центар со: подземен паркинг за 200 возила на две нивоа; со деловни простории, канцеларии, угостителски објекти; дискотека; затворен атрум за 1500 луѓе за концерти, престави и јавни собири; галерија и дел за домување. Овој центар ќе донесе нови вработувања, нови можности за младите да добијат место за рекреација, за нови придобивки, за убави моменти“, вели Ристов.