Македонија

Општинските изборни комисии ги разгледуваат поднесените кандидатурите, најдоцна до 18 септември ќе ги достават листите до ДИК

Рокот за поднесување на кандидатски листи  за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври,  заврши во сабота на 11 септември  на полноќ.

Општинските изборни комисии  ги разгледуваат поднесените  кандидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или им даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. 

Најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.

Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 26 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.

 Со Кодексот учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната државна администрација, во други институции или установи финасисрани од Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините како и во трговски друштва и претпријатија со државен капител.

Со Кодексот  учесниците во изборниот процес исто така недвосмислено се обврзуваат дека ниту едно вработено лице или граѓанин, нема да биде предмет на закана по однос на своето вработување или социјална сигурност, како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или независен кандидат.

Изборната кампања започнува на 27 септември  и ќе трае до 24 часот на 15 октомври. Изборната кампања за вториот круг на гласање ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago