Македонија

ДЗС: Пописните активности на терен течат, со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок

Државниот завод за статистика го информира населението дека напредуваат активностите за надминување на помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување.

„Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега.

Ова се должи на техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои доведуваа до успорување на пописната апликација.

Тимот за техничка поддршка на пописните активности работи забрзано на надминување на проблемот и има сериозен прогрес, што значи дека во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа.

Во исто време, би сакале да ја информираме јавноста дека  во последниве денови, веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади. Странците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди“, се вели во зоопштението од  Државен завод за статистика

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago