Македонија

На првиот ден од пописот попишани околу 95 илјади лица

Пописот започна вчера и на првиот ден од пописот попишани се 94.975 лица, односно вкупно се опфатени 28.594 домаќинства и 37.544 станови, објави денеска Државниот завод за статистика. Во меѓувреме, од 1 март кога започна самопопишувањето преку веб-апликацијата за самопопишување на дијаспората, според последните податоци попишани се 191.550 македонски државјани.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вчера порача дека посакува оваа операција да се заврши успешно во интерес на сите, да се приберат доволно информации за станбениот фонд и за сите важни податоци за домаќинствата.

Исто така, тој ги повика масовно граѓаните да се вклучат во операцијата без исклучок, бидејќи, како што додаде, податоците се за нив.

Инаку државата е поделена на 50 пописни реони, а за подготовка, организација и спроведување е задолжен Државниот завод за статистика. Во организацијата и спроведувањето на Пописот учествуваат и Советот за статистика, комисиите за пописните реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници согласно одредбите од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago