Висока делегација од Република Турција денеска беше во посета на Општина Конче
Висока делегација од Република Турција предводена од валијата на областа и градот Едрене, Екрем Џаналп, придружуван од уште двајца градоначалници на Општините Игнејада и Бојуккариштиран и новни соработници, денеска беа во посета на Општина Конче.
Тие најпрво остварија средба со градоначалникот Благој Илиев а потоа го посетија основното училиште Гоце Делчев. Од страна на директорката на уилиштето Цвета Авгелова беа запознаени со наставниот процес во самото училиште кое е мултиетничко и во кое учат вкупно 258 ученици, од кои 48 се од турска националност. Тие донираа училишен прибор за потребите на учениците.
Потоа делегацијата изврши увид на новоизградениот паркинг простор пред манастирот Свети Стефан, за кој тие донираа финасиски средства, како и манастирот Свети Стефан каде од страна на свештеникот Гоце Младенов беа запознаени со историјата на манастирот.
Високата делегација од Турција беше и на пладневна молитва во Џамијата во Конче по што главниот настан се одржа на партерно уреденото место наречено „Чешмата“ исто така донација од република Турција.
Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев им посака срдечно добредојде на гостите од Турција, на валијата и на градоначалникот на збратимена Општина Бојуккариштиран, Ертугрул Чамлиџа, како и на градоначалникот на Општина Игнеада, Тахир Ишик и на останатите гости. Свое обраќање имаше и градоначалникот на збратимената Општина Бојуккариштиран.
Пред прустните се обрати валијата Екрем Џаналп кој изрази задовоство од посетата на Општина Конче и од гостопримството. Притоа беа разменети и пригодни подароци а беше одржана и пригодна програма од фолклорно друштво.