Македонија

Доцна синоќа пристигна првата група граѓани на Авганистан во Македонија

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата група од 149 граѓани на Авганистан, за кои Република Македонија изрази подготвеност привремено да ги згрижи.

Станува збор за вработени или соработници на меѓународната организација „Отворено Владино Партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, лица кои биле вработени или соработници на Transparency International, World Economic Forum и други меѓународни организации, заедно со нивните семејства, со нивните сопруги, сопрузи, мажи, жени и деца.


„Солидарноста која долго време ја најавувавме – од денес почнавме да ја спроведуваме на дело! Постојано говориме дека сме домаќинска земја, дека знаеме секому да му посакаме добредојде: Денес не правиме ништо различно, денес само на дело ја демонстрираме нашата солидарност и нашето топло добредојде на оние кои им е најпотребно“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи го ги прчека граѓаните од Авганистан.


Тој потсети дека се работи за наши сојузници, наши партнери кои 20 години соработуваа со нашата мисија во Авганистан.
Османи информираше дека во рамките на Владата е формирана работна група за прифаќање на овие граѓани, каде партиципираат сите надлежни ресори и институции: од институциите кои покриваат безбедност и здравство, па се до институциите задолжени за логистика и транспорт, и дека целата операција на прифаќање на граѓаните од Авганистан се спроведува во координација со нашите сојузници, пред сѐ администрацијата на американската амбасада, но и на меѓународните организации.


„Да потсетам, веќе во наредните денови очекуваме да пристигнат и останатите групи граѓани, од првично одобрените 780 лица за кои веќе дадовме зелено светло“, нагласи министерот Османи во изјавата за медиумите по повод пристигнувањето на првата група граѓани од Авганистан, кои ќе бидат сместени во хотели.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago