Во Радовиш се одржаа последните обуки за реонски попишувачи, со што тие се подготвени за стартување на пописот
Во завршна фаза се подготовките за претстојниот попис кој ќе се спроведе во држата. Во Радовиш денеска се одржаа последните обуки за реонски попишувачи со што тие се подготвени да бидат дел од најголемата статистичка операција. За општините Радовиш и Конче ангажирани се 66 попишувачи и 7 инструктори.
Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов апелира до граѓаните да покажат одговорност и да се попишат, бидејчи попишувачите ќе се придржуваат на протоколите и препораките согласно законот за попис во услови на пандемија.
„Тие се обучени и професионално ќе ја водат целата пописна операција и нама да го загрозат здравјето на граѓаните ниту сопственото здравје“, рече Стојанов потенцирајќо го значењето на пописот.
Со цел организација и спроведување на пописот, на обуките
се присутни и државни инструктори кои ја координираат работата на реонските
инструктори и попишувачи.
Секој попишувач ќе биде задолжен да носи маска во случај
ако заборави, домаќинството може да го потсети, но и попишувачот треба да
побара домаќинот да стави заштитна. Доколку некој не отвори врати тоа е на лична
одгворност .
Подготвени за пописот се и реоноските инструктори кои ги
обучуваа попишувачите.