Струмица

Зголемен интерес за вакцина во Струмица, дневно се вакцинираат и по 800 граѓани

Секојдневниот раст на ново инфицирани, но и новите мерки го зголемија интересот за вакцинација во Струмица. За разлика од претходниот период кога за еден ден  во просек се аплицираа по околу 500 вакцини,  во последните десетина дена оваа бројка е зголемена на близу 800 дози дневно.

Од здравствениот дом информираат дека интерес за вакцина имало од сите старосни групи, но овој период најзастапени биле граѓаните на возраст од 20 до 50 години.

Во моментов на пунктот за имунизација во Струмица се аплицираат вакцини на Синовак, Фајзер и Астра Зенека.Граѓаните кои одлучиле да се вакцинираат велат дека тоа го направиле пред се за лична заштита, а некои и за патување во странство.

До сега во струмичкиот регион вакцина примиле над 35 500 граѓани. Од нив 15 500 ги примиле и двете дози, а   останатите 20.000 само една.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago