Радовиш

Дневно се вакцинираат по 200 до 250 лица во Радовиш, но расте и бројот на нови случаи

Голем интерес за вакцина во Радовиш. Како што дознаваме од директорката на Здравствениот дом во Радовиш, д-р Лимонка Илиевска, дневно се вакцинираат по околу 200 до 250 лица. Имунизација се врши во Здравствениот дом и на терен, со вакцините Фајзер, Синовак и Астра Зенека.  Инаку, бројот на нови случаи во Радовиш забрзано расте. Само во последните пет дена регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19. Повторно е ставена во функција и ковид -амбулантата за потребите на болните.

Инаку вчера вкупно биле вакцинирале 16.955 граѓани, од кои прва доза вакцина  примиле 11.925 граѓани.

За да се потикне процесот на вакцинација и да се намали ширењето на корона вирусот,  Владата воведе и драстични мерки кои ги погодија посебно угостителите. За влез во угостителски објект, во казино, обложувалници и молови, задолжително е потврда или сертификат за примена вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид, не постара од 45 дена од денот на оздравувањето.

Од 1 септември за влез и за излез во државата исто така ќе биде потребно приложување на еден од наведените документите.

Граѓаните коментираат дека мерките се закаснети, посебно оние за влез и за излез од државата. Бидејќи како што велат странците веќе си заминуваат, додека во текот на целиот летен период тие слободно влегуваа во државата, организираа прослави и свадбени свечености, а сега последиците ги сносуваат граѓаните кои остануваат во земјата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago