Струмица

Судот ја уважил тужбата, Министерството за култура треба да ја повтори постапката за избор на директор на „Антон Панов“, Струмица

Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и, според образложението на пресудата, тужбата е основана, а Министерството за култура, донело неправилна и незаконита одлука.

Одлуката на Управниот суд ја објави Иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваат актери од струмичкиот театар, кои во изминатите осум месеци организираа повеќе протести во Струмица и во Скопје и предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на директор.

Освен оставка,  тие бараа и одговори од државната комисија за спречување на корупцијата до која пред неколку месеци поднеле претставка, но и од управниот суд и обвинителството кај кои пријавиле дека се сомневаат за злоупотреба на функцијата од страна на новиот директор.

Со пресудата се утврдило прекршување на постапка и според одлуката на судот, Министерството за култура треба да ја повтори постапката за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“, каде што за директор беше избран Васил Бубев, на 26 јануари оваа година.

Драмскиот ансамбл од Струмица отогаш ги започна протестите, бидејќи министерството за култура на позицијата директор на центарот за култура назначи професор по физичко образование.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago