Радовиш

Црвен крст го распиша Конкурсот за обука на негуватели и помош и нега на стари лица и лица со попреченост

 Врз основа на верификација на посебната Програма за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, во рамките на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвен крст на РСМ“, поддржан од Австриската агенција за развој, австрискиот и швајцарскиот Црвен крст, ОО Струмица при Црвен крст, го распиша Конкурсот за обука на негуватели и помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

          На Конкурсот може да се пријават сите заинтересирани лица, жители на општините Радовиш и Конче, како и Гевгелија и Валандово, кои сакаат да се оквалификуваат и да се стекнат со верификуван сертификат за негуватели на стари лица и лица со попреченост, исполнувајќи ги следниве услови: 

            – да се државјани на РСМ,

            – да имаат 18 години,

            – да се психо-физички способни за работа,

            – да имаат минимум основно образование,

            – да се мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост,

            – да бидат мотивирани по обукаа и да се јават како даватели на услугите во сервисите за нега во домашни улгуги при ОО на Црвен крст- Гевгелија, Валандово  Радовиш.

          Пријавувањето трае до 20 август, 2021 година, а заинтересираните лица можат да се пријават на следниов меил: strumica.negacentar@redcross.org.mk. Или, по телефон: 070382229. Обуката за негувател за помош на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана и бесплатна.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago