Радовиш

Активен пожар и во атарот на село Дамјан, радовишко

 Екипи на Територијалната Противпожарната единица од Радовиш денеска интервенираат на предизвикан пожар кај село Дамјан, Општина Радовиш, кој како што дознаваме сеуште е активен. Во гаснењето на пожарот се вклучени  и вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница Плачковица, како и вработените од рудникот Боров Дол. Како што дознаваме од рудникот Боров Дол, интервенираат и со цистерни со вода, како и со нивната медицинска екипа за брза помош, кои ќе останат на терен и во текот на ноќта.

Пожарот најпрво се појавил кај село Погулево, по неколку часа бил локализиран но потоа се појавил кај село Дамјан.

„Екипите се на терен, но пожарот сеуште е активен и брзо се шири“, потврдуваат од пожарната во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago