Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран
Министерството за труд и
социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во
градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги
почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето
и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.
Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со
температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од
Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа
треба да се почитуваат општите мерки..
Општите мерки предвидуваат ослободување од работните
обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и
лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата
(градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на
отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа,
Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со
топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари
изнемоштени лица и бездомници.
Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки
процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените
работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските
прописи од оваа област, велат од МТСП.