Македонија

Претседателот Пендаровски на чествување на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Крушево

 Иако со промена на традицијата односно беше држење на говор, Претседателот Стево Пендаровски, вчера по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, присуствуваше на чествувањето на државниот празник во Крушево.

Во црквата „Св. Никола“, претседателот Пендаровски присуствуваше на панихидата за загинатите Илинденци и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење, а пред споменичниот комплекс, во рамки на одбележувањето на 118 годишнината од Крушевската Република, беше одржан и музичко сценски настап со изведба на нумери од репертоарот на воениот оркестар на Армијата, како и изведба на воено-акробатска вежба Егзирцир од страна на припадниците на баталјонот за почести. Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и пред споменикот на паднатите борци на Слива, симболот на самопожртвуваноста на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.

Попладнево, со почеток во 18:00 часот, претседателот Пендаровски присуствуваше на централната свеченост по повод чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката на Мечкин Камен во Крушево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago