Македонија

Обезбедени дополнителни средства за ваучери за туризам

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари колку што беа предвидени во Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 година.

„На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на Јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет“ напиша министерот Бектеши.

Според Јавниот повик, потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на Јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago