Министерството за здравство потсетува дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, а посебно во овој период на високи темепратури. За намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините, потребно е да се пчитуваат мерките:
1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при
директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се
користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна,
претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности,
најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е истото
тоа одреден период да се проветри.
6. Хронично болните лица редовно да ја земаат
препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со
храна и цревни заразни заболувања, препораките се:
1. Задолжително миење на
земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната
употреба.
2. Термичка подготовка на храната и нејзино
консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така
подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред
употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.
3. Да се избегнуваат производи кои термички не
се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира
сладолед и разни кремови.
Од МЗ информираат дека здравствените установи се подготвени со доволен
број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално
справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите
температури.
Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на
ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага
мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата
категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.