Македонија

Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре

Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре 20 јули,  во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде  ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување, информираат од Државниот завод за статистика.

ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони. Кандидатите треба да се  полнолетни државјани на Република Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини.

„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите“, се вели во соопштенито од ДЗС.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се одржи од 5 до 30 септември годинава.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите, и како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago