Жителите од село Ињево, радовишко, со средства од донации го градат локалниот пат до манастирот ,,Свети Арахангел Михаил“
Жителите од село Ињево, радовишко со сопствени средства и средства од донации го градат локалниот патот до манастирот ,,Свети Арахангел Михаил” кој се наоѓа на околу еден километар над селото Горно Ињево, во планинки предел.
Иницијативниот одбор на селото ја донел оваа одлука поради тешко проодниот пат до манастирот, а кој, како што велат е често посетуван од локалното население. Досега собраните средства веќе се искористени, па затоа тие апелираат до хуманите граѓани, до верниците и до иселениците во странство, да донираат со цел да можат патот да го тампонират.
Еден од членовите на Иницијативниот одбор од Ињево, Ванчо Стојанов вели дека формирале и здружение, а наскоро ќе добијат и жиро- сметка на која ќе може да се донира. Тој се надева дека ќе има донации за да може патот да се дозаврши.
Стариот манастри Свети Архангел Михаил бил изграден во 1930 година, а од 1999 до 2001 година на тоа место е изграден сосема нов манастир, вели дедо Коле Симеонов домаќинот на манастирот
Прослава на манастирот се прави на празникот Свети Архангел Михаил на 21 ноември, кога верниците претходниот ден даруваат овци кои се колат за да се подготви ручек, а на денот на празникот се коли вол и тоа е традиција која се негува веќе долги години.
Како што вели домаќинот ова е голема традиција која се
негува со години, а во органзиацијата се вклучуваат голем број грсѓани од
селото.
Иницијативниот одбор
се надева дека со помош на донации од граѓани и од правни лица ќе успеат да го
направат патото за да може да се патува до манастирот и со кола, бидејќи ова едно
прекрасно место кое нуди спокој на душата, а од каде може да се види целата
панорама на Ињево и на градот Радовиш.