Струмица

Кривична пријава за лице од струмичко, пронајдена дрога во неговиот дом

Денеска, Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Р.В. (50) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик.

Имено вчера (08.07.2021) околу 08.00 часот на паркинг во Струмица  кај Р.В. и во патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистерски ознаки, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени се 17 пакувања со кокаин, како и поголем износ на парични средства. Истиот ден, по добиена наредба на Судија на претходна постапка при Основен суд во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во неговиот дом во с.Добрејци, при што се пронајдени 12 стебла cannabis sativa, околу 4 кг марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“ и рамка со 6 куршуми калибар 9мм.
Р.В. е лишен од слобода и од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago