Едукативна Стрип работилница за прв пат се одржа во Радовиш во организација на центарот за култура Ацо Караманов
Едукативна Стрип работилница за прв пат се одржа во Радовиш во организација на центарот за култура Ацо Караманов. Младите уметници имаа можност два дена да цртаат и да направат приказна и преку стрипот да испратат порака. Едукатор на работилницата беше Ване Трајков од Велес, основач и извршен директор на Стрип Центарот на Македонија
Едукаторот Ване Трајков задоволен од учесниците од младите уметници кои за кратко време ја сватиле суштината на стрипот. Тој вели дека преку стрипот може да се испрати сериозна порака, но не е сигурен колку институциите ќа ја сватат пораката сериозно. Децата овие два дена работеа на тема за зачувување на планетата Земја, и зачувување на нашата зелена Македонија. За децата учесници во Стрип работилнцата ова беше едно позитивно искуство.
Ване Трјков е автор на поголем број сценарија за стрипови, како и
на неколку сценарија за ТВ филмови и драми. Трајков се јавува и како инструктор
за теорија на стрип, организатор на десетина изложби на стрип низ Македонија и
во странство. Главен и одговорен уредник е на стрип магазинот „творец“, а
уредник е и на стрип албумите „Мис Стон“ „Ајдучка чешма“, и „КОЧО РАЦИН-ЖИВОТ,
ПЕСНИ, СМРТ„ Тој е автор на три романи за млади и деца и еден од основачите на
Клубот на писатели „Кочо Рацин“ во Велес.