Радовиш

Пуштен во употреба новиот детски парк во Радовиш, во присуство на турскиот амбасадор, координаторот на ТИКА и градоначалникот Конзулов

Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок и програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, Халим Омер Согут денеска беа во посета на Општина Радовиш  и градоначалникот Герасим Конзулов, по повод пуштањето во употреба на новоизградениот детски парк позади Основниот суд во Радовиш.

Тие најпрво остварија средба со градоначалникот Конзулов на која се разговараше за соработката и актуелните проекти кои Општината ги реализира во населените места со доминантно турско население и идните планови за економски развој на руралните подрачја. Свеченото пуштање во употреба на новиот детски парк насловен „Парк на пријателсво – Тошко Кукутанов“ беше исвршено во присуство на повеќе  граѓани, поканети гости и дечиња од детската градинка Ацо караманов од Радовиш.

Градоначалникот Конзулов потенцираше дека тековно се работи на два проекти од големо значење и тоа изградба на патниот правец за поврзување на селата Прналија и Сопурѓе и проектот за обезбедување на питка вода за селата Бучим и Тополница со отварање на нови бунари и водовод.

Амбасадорот Секизќок изрази задоволство и благодарност за сите проекти кои имаат за цел да ги подобрат условите за живот како на турската заедницата така и на целокупното население во општината, додавајќи дека Република Турција е спремна да обезбеди поддршка за развојни проекти во областа на земјоделството и руралниот туризам.

Градоначалникот Конзулов упати благодарност за целокупната поддршка која Општината ја добива од пријателскиот народ на Република Турција со надеж дека во блиска иднина ќе се реализираат нови проекти. Пркот беше изграден со донација од ТИКА во вредност од 40 илјади евра. Свечениот настан беше заокружен со настап на дечињата од детската градинка „Ацо Караманов„ во Радовиш, (Управна зграда).

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago