Прекуграничните региони на Македонија Бугарија со заеднички проекти се борат против последиците од климатските промени. Целта е да се намалат или спречат негативните влијанија бидејќи повеќе студии покажуваат дека и Бугарија и Македонија спаѓаат во оние држави за кои се очекува да бидат најпогодени од климатските промени. Радовиш и Сандански се дел од општините кои во изминатите две години со финансиска поддршка на ЕУ реализираа заеднички проект вреден близу 600 000 евра. Со него ги уредија коритата на реките Сушица и Бистрица , а спроведоа и голем број едукативни кампањи.
Од центарот за развој на Југоисточниот плански регион велат дека Поплавите и ерозијата на земјиштето поради неконтролираното сечење на шумите се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од двете страни на границата.
,,Она што треба ние да го направиме е да спречиме да дојде до такви штети. Затоа треба тука да бидат сите вклучени. Сите државни институции вклучувајќи ги и македонски шуми, општините па дури и невладините организации кои ќе придонесат код подигање на јавната свест кај луѓето се со цел и да ја заштитиме природата, а со тоа и да го направиме и нашиот живот подобар и поквалитетен.,, вели Жулиета Ѓуркова – директор на Центар за развој на ЈИ регион.
Според најавите пограничните региони во иднина посебен акцент ќе стават и на таканаречената зелена инфраструктура, која и во двете држави е слабо застапена, а важи за ефикасно и економично решение за намалување на негативните последици од поплавите.