Струмица

Дрвошанов: Во Струмица според Заев да се биде власт значи само бизнис

На одржаната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов рече дека струмичкото СДСМ на следните избори ќе излезе со програма од претходни избори.

Градоначалникот Јаневски и неговиот ментор Заев не го остварија она што го ветуваа.

Ги нема инфраструктурните проекти, ги нема еколошките проекти, ветувањето за младите, за Турското маало, за пензионерите..

Во Струмица после 20 години власт на иста партија и структура зборот власт е синоним за тендери, евро, партиски вработувања, разни субвенции, трговија со националните интереси…

„Замислете, канцеларија на Зоран Заев во Струмица за, после 20 години власт и моќ, да ги праша струмичани за проблемите.

После 16 години локална и втор мандат државна власт на СДСМ во Струмица очигледно е дека на претстојните локални избори СДСМ ќе излезе со програмата од претходни избори.

Актуелниот градоначалник Јаневски не сработи ни мал дел од ветената програма, а неговиот ментор, премиерот не му помогна.

Не се реализира клучниот проект нов транзитен пат околу Струмица. Не ги направија тие ветени 6 километри пат.

Не го подобрија булеварот „Климент Охридски“. Го нема ниту булеварот од „Свети Илијскиот порој“ покрај касарната и Софилар, а не се реши ниту горливиот проблем на граѓаните од населбата Софилар“, рече меѓу другото Дрвошанов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago