Завршува учебната година. За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.
Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини.
МОН
во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за
здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во новата учебна година, што ќе зависи од состојбата
со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во
постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето
на учениците на 1 септември во училиштата.
За
учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои
пријавување за упис во средните училишта.
Вкупно според конкурсот во СОУ
Коста Сусинов во
Радовиш ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе
бидат распоредени во девет паралелки.
Средното
училиште во Радовиш
годинава нуди три нови струки од кои едната е дуална паралелка во која
учениците своето теоретски знаење, ќе можат да го надополнат со
посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол
и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството
за образование од 3.500 денари месечно.
Матурантите, пак, утре ќе го
полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу
предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот,
задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и
литература) го полагаа во саботата.