Растат трошоците за живот, за 3 отсто повисоки од лани во истиот период.
Индексот на
трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи
зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од
3.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.
Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1% па поради тоа, вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2021 година изнесува 33.976,00денари.
Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше Минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари.