Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.
Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.
„За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на течен гас -ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција .
Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на
објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Надоместок
на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство.
Потребна документација за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија; пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето; фискална сметка со сметкопотврда, или фактура; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка
За оваа мерка од Буџетот на Министерството за
економија предвидени се 11 милиони денари.