Радовиш

РК Радовиш останува во Суперлигата со убедлива победа во баражот против прволигашот Шампион

РК Радовиш останува во Суперлигата, со убедливи 37-20 (16-6) во баражот против прволигашот РК Шампион.

Во Неготино, ракометарите на РК Радовиш предводени од Андон Бшковски, не дозволија изненадување против второпласираната екипа од плеј-офот во Првата лига и се изборија за сигурна победа и опстанок во Суперлигата.

Рк Радовиш – Рк Шампион 37-20, полувреме 16-06.

„Честитки момци, честитки тренеру Бошковски, 10 победи и само 1 нерешен резултат во низа се само потврда за успешноста во втората половина од оваа завршница.

РК Радовиш и радовишани ви се благодарни што успеавте и се изборивте и следната сезона нашата екипа да биде дел од најелитното ракометно првенство во Македонија“ велат од раководството на РК Радовиш.

Македонскиот ракометен стручњак Андон Бошковски од пред два месеци е новиот тренер на тимот на Радовиш, новата надеж за опстанок во елитното ракометно натпреварување.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago