Дали ќе се реконструира градското шеталиште во Радовиш, повод за дискусија на седница на совет
Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа 57 редовна седница со дневен ред од 26 точки и дополнување со уште три точки на предлог на советниците. Дополнување на дневниот ред побара советникот Блаже Ужевски како што рече на барање на граѓаните, за поништување на одлуката за реконструкција на градското шеталиште.
На ова советникот Трајче Ивановски со процедурална забелешка дека советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери на 05.01.2021 година. гласале за реконструкција на централното градското подрачје.
„После 5 месеци се сетивте дека не сте знаеле што гласате. Единствена цел ви е во овие 4 години да се препукувате помеѓу себе на сметка на граѓаните…“ рече советникот Ивановски
На дискусијата се надоврзаа и претседателот на советот Викица Манолева, како и советниците Ристо Спасов и Горан Поцев и Моника Ристевска.
Манолева рече дека и таа лично не знаела што опфаќа реконструкцијата на градското шеталиште и кои улици се опфатени. Советникот Ристо Спасов со прашање до советничката група на ВМРО -ДПМНЕ, дали тие знаеле што опфаќа самата реконструкција.
И советникот Горан Поцев рече дека нема да даде поддршка на оваа предлог одлука бидејќи лично како советник не бил прашан за никаква сугестија ниту мислење околу ова прашање. Советничката Моника Ристовска рече дека нема да им помагаат на советниците од СДСМ да си ги исправат нивните грешки и дека ова не им е прв пат да направат грешка.
Градоначалникот Герасим Конзулов после целата дискусија со свој став, дека градското штелиште ќе биде изградено и дека со тоа нема да се направи лошо, туку добро за граѓаните на Радовиш.
„Јас имав емисија на ТВ Кобра и таму образложив се што ќе се прави со реконструкцијата и нема ништо лошо во тоа“, рече Конзулов
Советниците од ВМРО- ДПМНЕ на крајот од седницата ја напуштија истата, со образложение дека претходно не гласале за оваа предлог одлука, па нема да гласат ниту сега. Советникот Баже Ужевски на тоа ги обвини дека се повлекуваат кога треба да се донесе некоја важна одлука.
„Џабе дискусии, џабе препукувања, тие ги напуштаат секогаш седниците кога проценат дека некој од владеачкото мнозинство не е присутен и не може да се оствари мнозинство за донесување на одлуки на совет“, рече Ужевски.
Тој обвини за задкулисна игра или радовишки кажано „пазар“ помеѓу градоначалникот Конзулов и советниците од ВМРО -ДПМНЕ за недонесување на оваа точка. На крајот сепак со 8 гласа „за“ точката за поништување на предлог одлуката за реконструкција на градското шеталиште беше усвоена од стран на советниците од СДСМ и коалицијата.
Дали ќе се реконструира градското шеталиште сепак останува да се види.