Главниот координативен кризен штаб за
обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните
лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во
врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот
состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за
олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно
усвојување на утрешната Владина седница.
Комисијата до Штабот предложила од 1. јуни заштитните маски
да не бидат задолжителни на отворено, со препорака за носење
на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за
задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и
во сите затворени простори.
– Да се дозволи присуство на публика на
спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот
капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите
од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од
КОВИД-19.
-Се укинува мерката за забрана за групирање на
јавен простор на не повеќе од 4 лица.
– Да се дозволи организирање на свадби,
прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не
повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на
маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на
музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен
протокол.
– Се зголемува бројот на лица на една маса во
угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на
препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.
-Се препорачува укинување на мерката за работа
во смени и од далечина.
– Продолжува да важи мерката за полициски час
до 15.06.2021 година.